Connect with us

Живот

Ти си најзначајното и највредното нешто за мене: Вера Мештеровиќ со силна порака за ќерка ѝ

Published

on

Познатата манекенка и првата Мис на Македонија, Вера Мештеровиќ има голем повод за славење. Нејзината ќерка Јована слави роденден. Манекенката преку емотивна порака на фотографија од Јована и неа напиша: „Гледајќи те како растеш, многу љубов, емоции, состојби ,убави, стресни, многу среќа, многу насмевки…Но покрај се‘, над се ти си најзначајнoто, највредното нешто кое ми го исполнува животот. Среќен роденден Moja принцеза“.

Мештеровиќ пред извесен период во интервју за Женски магазин ги сподели нејзините дневни ритуали и истакна дека ја мотивира сегашноста, денот кој го живее, а тоа во нејзината работа и носело креативност, мечти, идеи.  Инаку, Вера пред две години, се разведе од поранешниот фудбалер Игор Кралевски. Мајка е на две деца, на Андреј и Јована.

Click to comment

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

НАЈЧИТАНИ